Повеќе од 80 илјади фирми и граѓани со блокирани жиро сметки

Bez autora
Nov 01 2010

Повеќе од 80.000 блокирани фирми и граѓани, септемвриските податоци покажуваат дека само за еден месец се блокирале нови 2.000 жиро сметки. Блокадите се по основ на доспеани, а неплатени рати за кредити, даноци, придонеси, долгови меѓу фирмите блокираат и банките и државата. Неликвидноста во стопанството ги доведе фирмите во ситуација да не можат да си ги подмируваат обврските кон банките и кон државата, дел од нив навреме не ги плаќаат ниту давачките кон вработените. Тоа е последица на структурална неликвидност на македонската економија, а на жалост сега тоа потпомогнато и поттикнато од страна на неликвидноста на јавниот сектор. Кога нема што да се наплати од празните сметки, на врата тропаат извршители. Оваа пракса е се почеста. Всушност се работи за еден затворен круг. Од една страна имаме дека многу фирми имаат побарување на државата, меѓутоа паралелно на тоа истите тие фирми се јавуваат како најголеми должници према државата по основ на неплатени разни обврски.

Повеќе од 80 илјади фирми и граѓани со блокирани жиро сметкиПовеќе од 80.000 блокирани фирми и граѓани, септемвриските податоци покажуваат дека само за еден месец се блокирале нови 2.000 жиро сметки.

Блокадите се по основ на доспеани, а неплатени рати за кредити, даноци, придонеси, долгови меѓу фирмите блокираат и банките и државата.

Неликвидноста во стопанството ги доведе фирмите во ситуација да не можат да си ги подмируваат обврските кон банките и кон државата, дел од нив навреме не ги плаќаат ниту давачките кон вработените.

„Тоа е последица на структурална неликвидност на македонската економија, а на жалост сега тоа потпомогнато и поттикнато од страна на неликвидноста на јавниот сектор“, изјави Абдулменаф Беџети.

Кога нема што да се наплати од празните сметки, на врата тропаат извршители. Оваа пракса е се почеста.

„Всушност се работи за еден затворен круг. Од една страна имаме дека многу фирми имаат побарување на државата, меѓутоа паралелно на тоа истите тие фирми се јавуваат како најголеми должници према државата по основ на неплатени разни обврски“, вели Весна Деловска, извршител.

Според нивни анализи, дури 75 проценти од извршните решенија се за присилна наплата од фирмите, над 20 за граѓаните, а 4 проценти се однесуваат за присилна наплата од државните институции.

Трендот на драматична блокада на жиро сметките започна од почетокот на годината. Само за девет месеци по различни основи блокирани се 12.000 сметки.

Стопанствениците веќе предупредија дека губат кондиција да си ги подмируваат долговите во ситуација кога и самата држава доцнеше со своите обврски кон фирмите.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik